По Палермо, Македонија одново ги расипа плановите на Италијанците играјќи нерешено со нив на стадионот преполн со дупки во Скопје.
По примениот гол и предноста на Италијанците, на стартот од второто полувреме преку Чиро Имобиле, што навестуваше дека Италија ќе ни се одмазди за поразот во Палермо што ги остави надвор од СП во Катар, Македонија атакуваше кон израмнување.
Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар во 81. минута од натпреварот за израмнување на Македонија на 1-1 против Италија.
Претходно Елмас беше фаулиран, а главниот судија покажа дека има прекрасна шанса за Македонија.
Барди, играчот на турскиот клуб Трабзонспор од околу 20 метри фантастично стрелаше во мрежата на еден од најдобрите голмани на светот, Џанлуиџи Донарума.
До крајот, Италјанците притискаа, но не успеаја да создадат шанса за гол, а македонскиот тим успешно го одбрани резултатот, кој претставува благ мелем на раните по поразот во Скопје од Украина и срамниот пораз со 7:0 од Англија.