Стрелецот на голот за Македонија, капитенот Енис Барди, со кој „црвено-жолтите“ израмнија 1:1 против Италија, на Националната арена во Скопје, изјави дека е горд на тоа, но и на неговите другари во репрезентацијата.

– Мислам дека беше тежок меч. И нормално кога играш против една Италија. Мислам дека ние бевме тие кои имаа почисти шанси. Второ полувреме почнавме со гол за Италија, бевме деконцентрирани. Сепак, се вративме многу брзо. Горд сум на овие момци. Ние сме мала земја, но овде има многу „лавови“. Чест ми е што ја носам капитенската лента. Има доста играчи што ми помагаат во тоа да сум капитен“ изјави Барди по вечерашниот меч.