Македонија е на 85 место во светот на ранг листата на корумпираност, покорумпирана од Бугарија и Косово во регионов и од Тринидад и Тобаго пошироко во светов, а подобра од Јемен и Либија.

– Официјално: Тринидад и Тобаго има помала корупција од Македонија! Тоа е се што треба да знаете за оваа „проевропска“ влада, коментира денеска пратеникот и лидер на опозициската партија Левица, Димитар Апасиев.

Македонија, како што објавивме вчера, е рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешенел.

Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.