Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот, Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија. Група екссперти следната недела доаѓа в Србија за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија. Ова вчера беше вест во светските медиуми, се вели во денешното сооопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое подолу го пренесуваме во целост.
По број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.
Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро три илјади починати или околу илјада и петстотини починати на милион жители.
Ова е резултат од (нe)работата на Филипче.
Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на КОВАКС механизмот.
Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини.
Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија.
За ова одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ