Македонија замина на полувреме со водство од 1:0 против Англија. Голот го посригна Барди од пенал, откако првично неговиот шут заврши во стативата.
Претходно Англичаните имаа целосна доминација во првото полувреме. Гостите постојано напаѓаат иако играат без најголемите ѕвезди Кејн и Рашворд кои се на клупата за резервни играчи.
Македонската репрезентација игра некако уплашено со преголем респект за противникот. Атмосферата на Градскиот стадион е одлична а има и неколку илјади Англичани.