Два идентични случаи, за жал тажни, но македонската божица на правдата ги измери со два аршина.
Обвинителката Вилма Русковска денеска и овозможи на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, за последен пат да се прости од својата мајка, но тоа право му го ускрати на Душко Лазаров, обвинет за настаните од 27 април.
Така правосудниот систем во Македонија за некого е мајка, а за некого маќеа. Денеска обвинителката Рускоска дозволи Јанева да се прости со нејзината мајка, која починала само 4 часа пред приведувањето на Јанева, но за ист случај пред само година дена порано Рускоска одлучила поинаку.
Се работи за Душко Лазаров вработен во МВР, кој на дента на 27 април бил дежурен во оперативниот штаб кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Рускоска не дозволила Лазаров за последен пат да се прости со неговата мајка која починала за денот кога тој бил приведен поради настаните од 27-ми април.
Сепак, Пацка Лазарова, сопругата на веќе осудениот Лазаров, покажа повеќе човечност од сите гореспоменати, па во коментар на Фејсбук и изрази сочуство на Јанева и ја потсети Рускоска за немилосрдноста која ја имала кон осудените во случајот 27-ми април.
– Сочуство до обвинителката Јаева за смртта на нејзината мајка, но уште едно големо сочусво за правосудниот систем. Судбината сакаше на денот на апсењето, кога слушна дека е приведен – почина мајката на Душко Лазаров ама тогаш Вилма Рускоска не одлучи човечки и не му дозволи да се прости за последен пат од неговата мајка. Најчовечно ја молам обвинителката Рускоска барем за момент кога се најде во ваква ситуација да се сети на пролеаната солза на мојот сопруг по починатата мајка и за непрвадата која му ја нанесе, пишува Пацка Лазарова во својот статус на Фејсбук.