Македонската економија последна во регионот на Западен Балкан. Според последните проекции на Светска банка, земјава ќе оствари најнизок економски раст годинава од само два и пол проценти, што е помалку од Босна и Херцеговина со проекции за раст од 3.2%, од Србија со 3 и пол отсто, Црна Гора со 3.8%, како и Албанија и Косово кои ќе достигнат раст од 4%.
Според проценка на експертите од Светска Банка, земјава ќе го достигне она што го планираше за годинава – раст од 3.2% за дури две години. Од Светска Банка алармираат дека Владата треба што побрзо да ги консолидира јавните финансии и да го намали јавниот долг кој до крајот на декември ќе достигне 50% од БДП. Дополнително, бараат Владата прво да прави детални анализи, а дури потоа да започнува капитални проекти, ако сака да го достигне проектираниот раст.