FedEx, една од најголемите компании за доставување во светот, се подготвува со забрзани чекори за сезоната на празници. Пилотите кои се во години кога може да заминат во пензија, FedEx им нуди големи суми пари само за да останат да работат во декември и јануари.

Станува збор за бонуси од 40.000 до 110.000 долари. Пилотите на FedEx со 30 години искуство веќе заработуваат по околу 300.000 долари годишно. Големите бонуси се само дел од глобалната кампања на авиокомпаниите, војската и универзитетите кои сакаат да регрутираат што повеќе пилоти.

FedEx и нејзината нивниот најголем конкурент UPS ланската празнична сезона ги урнаа сите рекорди така што сакаат да се подготват уште подобра оваа сезона. Како главни причини за бум во продажбата, се процутот на американската економија и потрошувачка и високиот раст во онлајн трговците.