Комисијата за проценка на штети од невремето што го зафати Радовиш на 19 јуни годинава процени штета од 1,5 милиони евра.

– Имаме штети на многу приватни објекти, земјоделски површини, домаќинства и на повеќе компании. Сметам дека комисијата правилно ја има утврдено проценката на штетата, а последиците се големи, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Извештајот за штетата од јунското невреме треба да го разгледа Советот на општина Радовиш на наредната седница и потоа до 15 овој месец да биде доставен до надлежните државни институции