Локализиран е пожарот што настана по експлозијата во наменската фабрика Сувенир во Самоков и состојбата е стабилизирана, информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Според неа, полицијата во моментов е на терен, а во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни екипи.

Експлозијата во фабриката, настана од засега се уште непознати причини. Во полицијата е пријавена денеска во 16:10 часот. Од СВР Битола велат дека нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.

Како што претходно објавивме, денеска околу 16:10 часот одекнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција Сувенир од Самоков во општина Македонски Брод.

Полицијата прави увид на местото на настанот.