Македонскиот културен форум од Пула и нашиот Алдо Климан, познат на македонската јавност, меѓудругото и по неговите колумни, на 22 и 23 октомври го организра Меѓународниот тркалезен стол под наслов „Македонски феникс“.

Првиот дел е посветен на Блаже Конески по повод 100 годишнината од неговото раѓање.

Вториот дел е посветен на 80-гоишнината од окупацијата на Македонија во Втората светска војна и третата поделба на Македонија.

На тркалезната маса ќе учестуваат д-р Ѓоко Николовски од Филозофскиот факултет во Марибор, д-р Аница Влашиќ-Аниќ, од Старословенскиот институт во Загреб, д-р Дарија Андоновска, професор на ФЛУ во Скопје, д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје и д-р Теон Џинго од Институтот за историја во Скопје.