Едно време еден сирома сељанин се свршил за една девојка и ќе се оженел, туку немал кум, да го венчат. Тој излегол од дома си и тргнал да барат кум, ама сакал, кумот да бидит прав (справедлив) чоек. Ходеешчем по кум, патем го стретил Ристос, го поздравил и му рекол:

– Помози Бог!

– Дал ти Бог добро! му одгоорил сељанинот.

– Су здравје така? – го опитал Ристос.

– Одам да си барам кум – одгоорил пак сељанинот, – сум се свршил и овје дни сакам да се женам, а си немам кум да ме венчат, и сакам кум прав чоек.

– Ајде – му рекол Ристос, – не ме сакаш јас да ти бидам кум?

– Кој си ти? – го опитал сељанинот.

– Ја сум Исус Ристос – му рекол.

– Не те сакам тебе! – одгоорил сељанинот. – Ти си Ристос, син Божиј, сам Господ, ама не те сакам, зашто не си прав: на едни им даваш немерено богатсто, а пак друѕи и остааш да умирает од глад. Ти не си прав, та затоа не те сакам, јас сакам прав чоек. Го заминал него и си тргнал патот.

Потамо го сретил св. Петар. И тој го поздравил и го опитал каде ојт. Сељанинот и нему исто така му одгоорил, оти барал кум да го венчат, ама сакал кум прав чоек. И свети Петар исто така го опитал дали не сакат да му се сторит кум тој. А сељанинот, откако го опитал и него кој е тој и чул оти бил свети Петар и нему му рекол:

– И тебе не те сакам, зашчо ти си – му рекол – свети Петар: ти држиш кључојте на рајот, ама едни и пушчаш да влезеет, а друѕи не пушчаш; та и ти не си прав чоек.

Потамо го стретил Аранѓел Михаил и го поздравил:

– Поможи Бог побратиме! – му рекол.

– Дал ти Бог добро! – му одгоорил сељанинот.

– Су здравје вака? – го опитал Аранѓел.

– Барам кум, да ме венчат, ама сакам кум прав чоек – рекол тој.

– Не ме сакаш мене, јас да ти бидам кум?

– Кој си ти? – го опитал сиромаијот.

– Јас сум Аранѓел, не ме познааш? – му одгоорил.

– Ха! Ти си Аранѓел, шчо земаш душите. Тебе те сакам, зашчо ти никому атер не глеаш, – ти секому земаш душата. – И така Аранѓел Михаил му се сторил кум и го венчал. Откако го венчал, му рекол:

– Чунки ти ме чести со кумсто, јас ти даам ова шише со вода (и му дал едно шише полно со вода), та со него ќе се обогатиш и не ќе бидиш како досега сиромах.

– Како ќе се обогатам со шишево вода? – го опитал сиромаијот.

-Еве како – му рекол Аранѓел, – кога ќе се поболит некој од каква да је болес, ти да хојш да го попрскаш со водата и тој ќе оздрајт. Тога оздравенијот ќе ти платит. Така секој, шчо ќе се поболит, ти ќе го оздравјаш и тије ќе ти плашчеет. Ќе се сториш хеќим, та така ќе се обогатиш!

Сељанинот не можел да разберит како со едно попрсквење со вода ќе оздра’ел болен чоек, та пак го опитал анѓелатаго:

– Како ќе оздра’ел болен чоек од каква да је болес, саде со едно попрсквење.

– Еве, како – му рекол анѓелот, – кога некој болен ќе го попрскаш со водата, јас не идам да му земам душата; тој не умират, и ето како ќе станит.

Откако му расказал тоа ангелот, си ошол. Сиромаијот сетне со шишето вода лекфел болни од секаква болес и и оздравјал. Се прочул секаде. И така во малу време се обогатил ногу.

По неколку време му текнало да го викат Ангелатаго на гости. Го викал и тој му дошол. Не поминало ногу време, Аранѓел, и тој ќе го викат на гости, и го викал. Збогатенијот сељанин ошол на гости у ангелот. Овој го внесол прво во еден сарај како царски; второ го внесол во друѕи сараи, ушче поубај од првијот, облеани се со злато и со бесценети камења. Најседне го однесол на едно многу широко место, каде шчо било полно се со свешчи запалени, многу високи, како некои јасики и како некоја корија, свешчи до свешчи, едни загорени, друѕи дополу изгорени, а друѕи пак ушче малку да догореет. Сељанинот се почудил шчо ќе бидет аџаба тије толку свешчи и го опитал:

– Зашчо онака едни свешчи се загорени, друѕи дополу изгорени, а друѕи пак, ушче малу да догореет?

Ангелот му рекол:

– Свешчите кажвеет чоечка живот: за секој чоек имат по една свешча. Онје свешчи, шчо се загорени сега, тије се од тије луѓе, шчо се родиле сега бргу, од децата; а онје, шчо се дополу изгорени, тије се од луѓето шчо втасале до сред живвотта си; а пак онје шчо се гледеет на догорвење, тије се од луѓето шчо им је близу смртта. Јас кога да видам некоја свешча да догорит, тога ходам и му земем душата на чоека, шчо му догорела свешчата.

На сељанинот тога беше му се родило дете. Тој го опитал Ангелатого:

– Која је мојата свешча?

Ангелот му показал една свешча, шчо имала ушче тројчка за догорвење, колку полојна лакот. Седне пак го опитал:

– Ами свешчата на детето мое, која је?

Ангелот му показал една свешча многу висока, колку една јасика и шчотуку била запалена и загорена. Кога видел оту свешчата негоа била на догорвење, а од детето му толку висока и шчотуку загорела, сељанинот му рекол на ангелот:

– Немојш некако да сториш, мојава свешча да бидит на детето, а негоата за мене?

Тогај ангелот му се отпушчил и му рекол:

– Ама каков прав кум бараше ти, кога сам ти не си прав? Како свешчата од детето твоје, шчо се родило вчера, сакаш да бидела твоја, а твојата да му ја дајш на детето? Тоа шчо се родило вчера – да умрит, а ти шчо си живејал толку години, да живиш ушче? Каква је таја твоја прајна?

И така го истерал оттамо и потем неколку дни ошол, та му зел душата. (Подготви Марко Китевски)