Синоќа, заедно со Државниот секретар г. Стефан Волкановски и со поддршка од Министерот за транспорт и врски, г. Александар Николовски, одржавме конструктивна средба со машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт, напиша на Фејсбук директрот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ.
-Ги отворивме сите клучни тековни и наследени прашања кои ги засегаат нашите машиновозачи, прашања што со години наназад остануваа нерешени поради состојбата во која беше затекната компанијата во 2024 година. Посветеноста на машинскиот персонал и колегите од одржување беше клучна за повторното воспоставување на теретниот сообраќај и стабилизирањето на системот. Искрена благодарност до сите за професионализмот и одговорноста. Продолжуваме заедно — со јасна цел: силна, стабилна и модерна железница. „Визијата го определува правецот, дисциплината го создава резултатот, а посветеноста го одржува патот, истакна Кошутиќ




