На социјалните мрежи се вртат фотографии од првото „добивање датум од ЕУ“, од денешното патување во Брисел, како и двете споени.

И во двете возења со авионот е министерот Бујар Османи.

На фотографиите од „првиот датум“, во времето кога премиер беше Зоран Заев, Османи е во прв план, а на денешното со Димитар Ковачевски е „во сенка“ на неговиот сопартиец Артан Груби.

Авионот и патувањето со него во Брисел е само една фотографија од денешното „сликање во ЕУ“ на бројната македонска делегација, предводена од Ковачевски.

А како што е познато „првото добивање датум од ЕУ“ е синоним за лажна вест, од пред неколку години, добиена од највисоки владини извори (во авионот од Брисел) и објавена од тн. мејнстрим медиуми во Македонија, која до ден денес не е третирана од „вистиномерите“ во земјава.

(Д.Г.)