Репрезентативецот Стојанче Стоилов, член на РК Вардар, е успешно опериран и сега му претстои период на заздравување.

Македонскиот репрезентативец, веднаш по враќањето од синоќешниот меч против селекцијата на Турција, замина на операција. Вардаровиот капитен ја одложуваше операцијата за неколку дена, за да му биде на располагање на македонскиот селектор Данило Брестовац за мечот со Турција.

По вчерашната победа и обезбеденото место на ЕП 2020, Македонија на 16 јуни ќе игра квалификациски меч против Грција, во Струмица. Овој меч ништо не менува, а публиката е револтирана од одлуката тој да се игра во сала со мал капацитет во Струмица, наместо во поголема сала, зашто кај македонската публика има интерес, иако пласманот на ЕП е обезбеден.