Убедлива победа со 3:0 забележа Швајцарците на вечерашниот дуел со македонската фудбалска репрезентација во 1. коло од Б-сегментот на Лигата на нации.

Гостите на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје доминираа во текот на целиот натпревар.

Головите ги постигнаа Ремо Фројлер и Зеки Амдоуини два.

Македонците не упатија ниту еден удар во рамките на голот на противникот.

Од друга страна, Швајцарија имаше уште неколку убави шанси, но голманот Столе Димитриевски спречи поубедлива победа на фаворитот.

За македонската репрезентација која го одигра еден од најслабите натпревари пред својата публика, ова беше петти натпревар по ред без постигнат гол.

Во второто коло, во вторник Македонија ќе и гостува на Словенија, додека Швајцарија оди на гости кај Шкотска.

МИА