Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време за одмор. По поразoт пред два во Скопје од Швајцарија, репрезентацијата на Mакедонија утре ја чека дуел против Словенија.

Црвено-жолтите денеска отпатуваа за Љубљана каде ќе го играат натпреварот.

Таму вечерва избраниците на Гоце Седлоски ќе го одржат и единствениот тренинг во терминот во кој ќе се одигра и натпреварот.

Седлоски по поразот од Швајцарците најави дека ќе прави ме повеќе измени во стартниот состав.

Утрешниот дуел, од 2.коло во Лигата на Нациите, меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во терминот 20.45 часот.