Франција ќе остане подготвена да одговори на сите потреби на Украина, вклучително и тешкото оружје, нагласил францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски.
Според Елисејската палата, Макрон бил заинтересиран за најновите случувања на теренот, како и за потребите на Украина во однос на воена опрема, политичка и финансиска поддршка и хуманитарна помош.
Соговорниците се согласиле да останат во контакт, особено кога станува збор за поднесување на барањето на Украина за кандидатски статус за членство во Европската унија, за што ќе се разговара на самитот на ЕУ на 23 и 24 јуни.