Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе ја посети Кина во почетокот на април и го повика Пекинг „да ни помогне да извршиме притисок врз Русија“ за да се стави крај на војната во Украина.
Говорејќи еден ден откако Кина повика на итни мировни преговори додека го објави својот план за ставање крај на војната во Украина, Макрон рече дека мирот е можен само ако „руската агресија биде запрена, војниците се повлечат и се почитува територијалниот суверенитет на Украина и нејзиниот народ“.