Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска упати апел до партнерите од Европска Унија да се обединат и да ја осудат турската инвазија во северниот дел на Сирија.

Тој додаде дека сака ЕУ повторно да зборува со единствен, јасен и цврст глас и да го осудат турскиот напад.

Макрон побара и ЕУ да се согласи и сите земји членки да престанат да извезуваат оружје во Турција.
ЕУ треба да соработува со своите главни меѓународни партнери за да стави крај на (турската) офанзива, која предизвикува права хуманитарна драма и ризикува да покрене нов препород на Исламска држава, наведе Макрон.