Конечниот предлог на француското претседателство за компромис за решавање на разликите меѓу Бугарија и … Македонија ги исполнува барањата на двете страни“.

Ова денеска го посочи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Твитер.

-Никогаш не сме биле толку блиски: сега е време да кажеме „да“, рече тој.

„Преговорите со бугарските и северномакедонските власти продолжуваат до последниот момент на ротирачкото француско претседателство, кое истекува на полноќ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на НАТО во Мадрид.

Според него, нивниот предлог одговара на чувствителноста на двете страни.

„Претседателот и премиерот на Бугарија веќе ми потврдија дека го поддржуваат францускиот предлог. Неговото усвојување треба да напредува во наредните часови или денови од разговорите во Скопје. Оваа одлука на сите им носи сигурност, предвидливост и гаранција за надминување на разликите од минатото, што е карактеристика на европскиот дух“, додаде тој.