Меркел не го убеди Макрон на средбата во Тулуз. Францускиот претседател потенцираше дека прерано е за преговори со Македонија и Албанија. Ја спореди ЕУ со убава голема куќа во која сите живеат заедно. но во која во овој комент енма место за други. Сега имаме одредени проблеми, еден член на семејството одлучи да си замине, треба да се инвестира за поправки, а некои членки велат, дека иако не сме ја реновирале куќата, треба да каниме нови пријатели во неа, рече Макрон по средбата со Меркел.

Како да им објаснам на моите граѓани дека втората земја, од каде имаме најмногу барања за азил, се луѓе што доаѓаат од Албанија, а ние треба да почнеме преговори со нив. И тие имаат безвизен режим на патување, рече Макрон.

Прашањето е од стратешки карактер, но морам да кажам дека ние сме тие на кои им треба малку време да ги ставиме работите во ред, потенцираше францускиот претседател на заедничката прес – конференција со Меркел.