Последниот телфонски разговор меѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон, со неговиот американски колега, Доналд Трамп, бил „ужасен“, јави Си-ен-ен, цитирајќи неименуван извор.
За време на прес-конференцијата со премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, претседателот на Франција не сакаше да коментира за разговорот со Трамп, само позајми цитат од прускиот државник Ото фон Бизмарк од 19. век.
„Како што Бизмарк рекол, ако на луѓето им кажеме од што се направени колбасите, најверојатно никој нема да ги јаде. Па, ми се допаѓа кога луѓето ќе го видат месото готово, но не сум убеден дека коментари за кујната помагаат за да се дојде до оброк или до тоа тој да се јаде“, им рече Макрон на репортерите.
Тој објасни дека не сака да зборува за повикот кој е извршен зад сцената, притоа истакнувајќи дека во Париз не се даваат коментари како било, дали било жешко, ладно или ужасно, туку, „ние одиме напред и ги правиме работите“.
Но, бизарната аналогија со колбасите го запали Твитер.
Како и да е Си-ен-ен си стои на веста во која имало повеќе прашања околу кои Макрон и Трамп имале ужасна конверзација. Тоа се пред се трговските тарифи за челикот и алуминиумот, потоа иранскиот нуклеарен договор како и глобалниот договор за климатските промени.
Париз очекува овие прашања дас е испеглаат на Самитот на Г7.