Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по неговото пристигнување во Казахстан, повика да се зајакне соработката на Франција со земјата богата со природни ресурси од Централна Азија.

„Енергијата (на нашето партнерство) ја покажува добрата стратешка насока што ја презедовме, но и потребата од продлабочување и забрзување, што е смислата на посетата“ и потпишаните договори, рече Макрон за време на неговата средба со казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев .

„Франција е наш клучен и доверлив партнер во Европската унија“, нагласи Токаев.

Макрон рече дека го поздравува „одбивањето“ на Казахстан да оди по „патот да стане вазал“.

Како и другите централноазиски републики, Казахстан одржува умерен дипломатски став, обидувајќи се да одржи добри односи и со Русија и со Западот.

Фото: ЕПА