Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повикува владеачката партија СДСМ, како најодговорна во изборниот процес, бидејќи на истиот настапуваат двојно – едновремено и како партиски функционери и
владини министри, да се извинат на ТВ Алфа за квалификациите и навредите кои партијата ги изрече на
сметка на уредниците и медиумот на 5-ти април, и со тоа барем малку да покажат одговорност пред
јавноста за своите зборови.

-Етикетирањето на медиуми придонесува за ширење на омраза кон медиумите. Секој новинар има
право да постави прашање до секој политичар, а обврска на политичарите е да даваат одговори. Ваквите
јавни дисквалификации на политичари во однос на медиумите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите, соопштуваат од МАН.

Од друга страна, надвор од законот, со видно јавно влијание на партијата СДСМ врз Управниот суд, се кршат прописите и на телевизијата 1ТВ која СДСМ ја смета за блиска на нивната политика, среде избори
дополнително, надвор од Изборен закон им се овозможува емитување партиски маркетинг, иако не ги
исполнуваат условите за таа цел. Тоа е клиентелизам на партија врз медиум.

– Го повикуваме судот да не подлегнува на политички притисоци и да не и наложува на Државната
изборна комисија со одлуки кои се надвор од роковите во Изборниот законик. Ги повикуваме политичките
партии да се придржуваат до законските одредби од Изборниот законик. На Македонија и се потребни кристално чисти претседателски избори за добивање на препораката од ЕК. Ваквите одлуки на Судот само ја потврдуваат сликата дека судството нема намера да се реформира, а медиумите се контролирани од власта, соопштуваат од МАН.

Ја повикуваме Агенцијата за АВМУ да ги преземе сите мерки од Изборниот и другите закони за спречување на ваквите појави..

Истовремено, МАН смета дека ЗНМ треба да престане да биде адвокат за политички потреби на власта.

-МАН е следбеник и поддржувач на меѓународните стандарди за новинарството кои во
Македонија ги застапува токму Македонската асоцијација на новинари во соработка со меѓународната
организација IAB, и ги упатува партијата СДСМ и Здружението на новинарите ЗНМ истите да ги прочитаат и почитуваат со што би им било појасно каков треба да биде односот на медиум во јавноста, а особено како не треба политичка партија да врши притисок врз едни мeдиуми кои не се пожелни за нивната партиска политика, а да крши закон за да помага финансирање преку партиски огласи во време на изборна кампања на друг медиум, иако тој за тоа не ги исполнил условите, соопштува МАН.