СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека нивната единствена политика е политиката на блокади, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Текстот го пренесуваме интегрално.

Со месеци седеа на работни средби, предлагаа измени, бараа корекции и нивните барања беа прифаќани. Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор.

Тоа најдобро покажува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик. Проблемот е што СДС, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија.

Со тоа признаа дека не се борат за подобар Изборен законик. Се борат против секое решение што значи напредок и успех за државата. За нив е поважно да создадат политичка криза отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска.

Граѓаните одамна ја препознаа таа политика. Политика без идеи, без решенија и без одговорност. Политика која знае само да кочи, да блокира и да работи против интересите на државата.

Затоа, граѓаните на следните избори, одредени партии ќе ги испратат во историјата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ