Итоно прогласувам енергетска вонредна состојба во државата! Како претседател на Стопанската комора за енергетика на

Македонија, прогласувам – енергетска вонредна состојба во државата, напиша денеска претседателот на СКЕ, Ѓорги Манасков.

„Ја повикувам Владата да преземе сериозни чекори во однос на моменталната состојба која ќе следи и притоа сите граѓани, компании и лиценцирани снабдувачи и трговци на електрична енергија ќе претрпат огромни финансиски штета.
Неочекуваното поскапување на берзата на струја, ќе ги банкротира сите лиценцирани снабдувачи во државата, а граѓаните и компаниите ќе бидат финансиски казнети.
Ја замолувам Владата на сериозност во преземање веднаш мерки и активности, со цел да се избегнее оваа економска финансиска криза која ќе ја зафати цела Македонија“, напиша Манасков.

За Вечер прес пак Манасков истакнал дека доколку Владата во наредните 10 до 15 дена не преземе сериозни чекори и не го реши проблемот со набавката на електрична енергија, може да дојде до сериозна енергетска и економско-финансиска криза. Манасков додал дека со оглед на фактот дека цената на струјата се очекува да се покачи за уште 3 до 5 пати, граѓаните кои плаќале месечна сметка за струја од 2.000 денари, ќе плаќаат 10.000 денари.