„Играме катастрофално, тоа што го кажав пред натпреварот се исполни. Кажав, ако играме како против Норвешка ќе загубиме со десет гола и тоа се исполни“.

Ова го истакна ракометарот Дејан Манасков по поразот кој Македонија го доживеа од Холандија вечерва.

-Очигледно немаме квалитет за вакви натпревари. Овие средби се играат со памет и срце, а без мотивација и со загубени глави не се игра. Во периодот кога колку-толку се вративме, пак ги направивме истите грешки како претходно. Мислам дека тоа се должи на неискуството на одредени играчи, имаме доста дебитанти, што и не е оправдуввање. Ќе собереме сили, ќе се обидеме да ја победиме Аргентина и да се пласираме во вториот круг, барем достоинствено да се простиме од СП, а таму со Бог напомош, рече Манасков.