Свештената Обител на манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево се подготвува за достојно одбележување на манастирската слава, Благовештение на Пресвета Богородица.

-Се подготвуваме за претстојното сеноќно бдение во чест на Благовештението на Пресвета Богородица, која е наша манастирската слава, на која низ годините доаѓаат илјадници верници. Бдението ќе започне вечерта на 6 април, сабота, а следниот ден ќе биде одржана Божествена Архиерејска Литургија, изјави за МИА сестра Харитина, старешинка на манастирот.

Додава дека покрај монасите и монахињите од Бигорски и манастирот во Рајчица, ќе присуствува Епископ Антаниски г. Партениј, како и други епископи и монаси од земјава и странство.

Одбележувањето на славата ќе биде придружено со многу изненадувања за најмладите, а ќе има многу почесни гости – хористи.

Манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир е средновековен манастир во близина на градот Кичево, основан 1316 година.

Фото: Манастир Кичево