Тимот на Манчестер јунајтед вечерва одигра нерешено 0:0 на гостувањето кај Арсенал на „Емирати“ и постави клупски рекорд.

Јунајтед немаат загубено 18 гостински натпревари во низа во Англиското фудбалско првенство (13 победи и 5 нерешени натпревари). Ова е најдолгата низа без пораз за време на настапите на клубот во Премиер лигата.

Следниот натпревар на гостински терен Манчестер јунајтед го игра на 13 февруари против Вест Бромвич.