Манчестер јунајтед ги прекина преговорите за трансферот на играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Претставниците на англискиот клуб сметаат дека 27-годишниот Данец е склон да се пресели во Шпанија, објави Би-Би-Си.
Претходно се појавија информации дека мадридските Реал и Атлетико, како и италијанскиот Јувентус тврдат дека Тотенхем е подготвен да го продаде Ерискен за 80 милиони фунти.
Минатата сезона фудбалерот од средниот ред одигра 51 натпревар за „Спарси“, постигна 10 гола и забележа 17 асистенции.