Капитенот на Бразил, Дани Алвеш изјави дека сака да игра на Светското првенство 2022 година во Катар. Ова лето, 36-годишниот играч се врати во татковината и потпиша договор со Сао Паоло.

– Сонувам да играм на следниот Светски куп. Но, јас треба да ги уверам тимот и партнерите да веруваат во мене. Дојдов во Сао Паоло да дадам резултати. Не треба да мислите дека сум тука, само за да ја завршам кариерата. Јас сè уште имам цели, изјави Алвеш.

Тој за „кариоките“ дебитираше во 2006 година. Оттогаш има одиграно 115 натпревари за репрезентацијата. Со Бразил има по два трофеја во Купот на Америка и Купот на конфедерациите.