Италијанскиот фудбалер Марио Балотели може да ја продолжи кариерата во Бразил. Фламенго му понуди договор на 28-годишниот контроверзен напаѓач, пренесува „Глобо Еспорте“.

– Тој е одличен играч и разговаравме со него. Марио покажа интерес да игра за Фламенго, но сè уште нема конечно решение. Остануваат многу прашања за решавање, изјави Родолфо Ландим, претседател на бразилскиот клуб.

Во моментов Балотели има статус на слободен агент.

Минатата сезона Италијанецот играше за Ница и Марсеј. За Ница тој одигра 10 натпревари и забележа една асистенција, а како дел од Марсеј, Балотели беше на 15 средби на кои постигна осум погодоци.