Таман што навивачите на Манчестер Јунајтед почнаа да го слават доаѓањето на нивното ново засилување Фред, уште еден играч пристигна на Олд Трафорд.

Според наводите на Скај Спорт, како и фриленс новинарот Крег Норвуд, кој важи за англискиот Џанлука Ди Марцио, на Олд Трафорд додека се потпишувал договорот со Фред, лекарските прегледи ги минувал и Диого Далот.

Се минало како што треба, а договорени се и условите за соработката со 19 годишниот фудбалер, кој може да игра и на левата и на десната бековска позиција. Неговиот клуб Порто не се прашува многу за овој трансфер, затоа што во договорот има клаузула од 20 милиони евра, што е вистинска „ситница“ за Манчестер Јунајтед, а пристојна заработка за Порто.

На Олд Трафорд може да се каже дека стартот на преодниот рок е најмалку интересен. Фред клубот од Манчестер го чинеше најмалку 59 милиони евра, додека Далот 20 милиони евра, што значи дека Јунајтед за еден ден потроши 79 милиони евра.

фото: Goal.com