Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наведе дека на неговата репрезентација многу малку и недостасува да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија.

Меси со Барселона ги има освоено сите титули, но според познавачите на фудбалот му недостига трофејот од Светското првенство за легитимно да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот.

– Не сметам дека сум најдобар, туку само еден од фудбалерите. Кога ќе почне играта сите сме еднакви на теренот, истакна Меси.

Пред четири години Аргентина играше во финалето на Светското првенство, но беше поразена од Германија.

– Важно е да се подготвиме добро, бидејќи во квалификациите мора да се бориме до самиот крај. Мораме да бидеме посилни како тим, ако сакаме да победуваме и да бидеме на ниво на Франција, Германија, Бразил и Шпанија. Имаме добра екипа и Аргентина секогаш била меѓу кандидатите за трофејот, нагласи аргентинскиот фудбалер.

Аргентина на Светското првенство во Русија игра во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.