Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го поддржа напаѓачот Марио Балотели. Тој беше критикуван по ремито со Полска (1:1) во Лигата на нациите.

– Ова беше првиот официјален натпревар на сезоната. Има многу натпревари пред нас. Можеби Балотели не играше многу добро, но тој ја нема достигнато идеалната форма. Ова им се случува на сите. Ќе ја најдеме посакуваната формула. Имајте малку трпение. Се надевам дека за брзо време ќе се појави репрезентацијата која сакате да ја видете, изјави Манчини.

Италија вечер од 20:45 часот гостува во Лисабон кај Португалија во Групата – 3 од Дивизијата А во Лигата на нации.