Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, по победата во финалето на ЕВРО 2020, го истакна силниот настап на Британците на турнирот.

– Невозможно беше да се замисли дека сето ова е можно во одредени моменти. Но, моите фудбалери се покажаа како прекрасни. Немам зборови да го опишам сето ова. Ова е прекрасен тим. Зад тежок натпревар, кој стана уште потежок поради брз примен гол. Но, освен самиот почетен сегмент, ние денес доминиравме на теренот.

Пеналите бараат малку среќа. Жал ми е за Англија бидејќи и тие имаа прекрасен турнир. Мислам дека ќе продолжат да напредуваат. Ние сме многу среќни, изјави Манчини.

Италијанската репрезентација по втор пат стана европски шампион. Првиот пат трофејот го освоија во 1968 година.

Воедно Италија по четврти пат играше во финалето на ЕП, во 2000 и 2012 загубија, а еднаш беа трети (на ЕП 1988).