Стево Пендаровски е целосно промашување поддржан од СДС и ДУИ. Тој цел мандат го помина во озборување и погрешни прогнози, а не во суштинска работа. Цел мандат не стави ниту едно вето на било кој штетен закон кој се случи во Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Прво глумеше дека е против бугарскиот диктат, но потоа глатко го прифати на штета на Македонија, откако му пристигна наредбата од Бихаќка. Пендаровски е човек без сопствен кредибилитет и дигнитет. Наместо претседател на сите граѓани, тој се претвори во локален озборувач и коментатор на состојбите во државата без притоа да употреби било каква ингеренција и преземе иницијатива за подобрување на состојбите, се наведува во партиското соопштение.
Натаму се додава:
– Се однесува како главен на селска чешма, но не може да е претседател на држава. Во интервју озборуваше како знаел многу порано за војната во Украина, но поразително е што како власт и претседател не преземаа ништо за спречување на негативните последици од војната, инфлацијата, бранот поскапувања и ред други работи, кои се докажаа дека се пред се стимулирани од домашната неспособност на власта да се справи со предизвиците. Пендаровски служи за сликање, но не и за претседател. Тој нема способност и не треба да е претседател на државата, посочуваат од партијата.