Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ најави бескомпромисна борба на неговиот тим во полуфиналниот меч на Светското првенство против Англија.
Тој вели дека „коцкестите“ со самиот пласман меѓу четирите најдобри остварија голем успех и затоа никој нем аправо да им забележи и во случај на пораз.
-Не грижете се, имаме доволно сила за натпреварот со Англија. Ќе се бориме до самиот крај. Дури и ако загубиме, никој не може да не обвинува. Каде да најдам сила? Јас навистина не знам. Се сеќавам на некој „експерт“ пред Светското првенство кој рече дека овој Манџукиќ не е ист. Па, тој беше во право, новиот Манџукиќ е дури и подобар. Давам се од себе кога играм и за клубот и за националниот тим, изјави хрватскиот голгетер.
Натпревар Хрватска – Англија ќе се игра в среда (11 јули) во Москва со почеток во 20 часот.