Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане прокоментира за медиумите дека во 2016 година бил многу блиску до потпис со Манчестер Јунајтед, но во последен момент избрал да потпише со Ливерпул.
– Бев многу блиску до потпис со Манчестер Јунајтед, дури имав средба со нив. Бев таму и разговаравме со Луис ван Гал и тогашното раководство. Тие ми упатија предлог, но истата недела Клоп ми заѕвони и ми кажа дека Ливерпул е вистинскиот клуб за мене и е убаво ако се придружам. Тоа беше вистинското време и реков дека ќе одам во Ливерпул, прокоментира напаѓачот.
Вечерва од 21:00 часот на „Ванда Метрополитано“ Ливерпул излегува против друг англиски клуб, Тотенхем во натпревар за трофејот во Лигата на шампионите.