Претседателката на партијата “Стани БГ. Доаѓаме”, Маја Манолова, за БТВ изјави дека „би било добро со третиот мандат во новиот владин кабинет да нема политичари, а такви лица има во редовите на „Има таков народ“. Се надевам дека Слави Трифонов ќе ја преиспита својата позиција“.
– На третиот истражувачки мандат, што ќе го даде претседателот Румен Радев, треба да се гледа како за втор обид за прв мандат – ИТН да учествуваат во него, да номинираат премиер и клучни министри, но и да водат разговори без наметнување сила, без едноличен притисок и со јасни приоритети, рече Манолова.
Според неа, во новата бугарска Влада треба да влезат експерти.
-Очекувам секоја политичка партија и коалиција и секој лидер да сфатат колку е навистина комплицирана ситуацијата, во каква несигурност живеат бугарските граѓани. Луѓето се мизерни и сиромашни, а оваа есен тоа ќе биде уште повидливо, додаде таа, изразувајќи надеж дека политичарите ќе го надминат своето его.
Позицијата на „Има таков народ“ останува непроменета и покрај поканите од другите парламентарни формации да се вратат на преговори за формирање влада со трет мандат, беше одговорот на победничката партија на послендите избори, од 11 јули, што ја пренесе заменик -претседателот на парламентарната група, Ивајло Валчев, пред состанокот на групата.
-За нас, дури и со завршувањето на првиот мандат на начинот на кој заврши, беше јасно дека во третиот мандат … искрено кажано, за себе, не гледам логика доколку во првиот мандат не се поддржи нешто што се нуди, сега да се бара од нас со третиот мандат, изјави В’лчев.
Според пратеникот на ИТН, Станислав Балабанов, „позицијата на партијата останува непроменета и покрај тврдењата дека Ива Митева е компромисна фигура за премиер“.
-Сега, гледате, од последните часови Маја Манолова ќе ни се поклони, давајќи ни можност да предложиме премиер, што е апсурдно. Од оваа партија да не забораваат со што ја споредија Ива Митева пред две недели – ја споредија со раса на куче „Дали беше така?“, додаде Балабанов.