Палестинскиот претставник во ООН Ријад Мансур, во своето обраќање на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, го дефинираше страдањето на населението во Појасот Газа како „пекол на Земјата“, јави ДПА.

Тој ја цитираше изјавата на поранешниот генерален секретар на ОН Даг Хамершелд во 1954 година: „Обединетите нации не се создадени за да не одведат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот“. „Газа сега е пекол на Земјата“, рече Мансур.

Палестинскиот постојан набљудувач рече дека досега се убиени повеќе од 8.000 Палестинци, вклучително и повеќе од 3.000 во јужниот дел на Газа, каде што Израел „насилно префрли стотици илјади луѓе“.

-Речиси сите наши луѓе во Газа се бездомници, раселени, се движат од една во друга семејна куќа“, рече тој. Тие „спијат во своите автомобили, спијат на улиците и сè уште ги убиваат каде и да одат за да ги убедат дека нема да бидат безбедни никаде во Газа“.

– Спасувањето на човештвото од пеколот денес за ОН значи спасување на Палестинците во Газа“, нагласи Мансур. – Спасете ги. Однесувајте се кон нив како човечки суштества, додаде тој, обраќајќи се пред Советот за безбедност.

фото: ЕПА