Кулминира судирот меѓу двете струи во Македонската академија на науките и уметностите, меѓу слободномислечките академици и групата која од идеолошки причини или лични бенефиции од власта ги поддржува позициите на Зоран Заев и Владата.

Како што пишува Експрес, поделбите кои станаа драматични со поддршката на тесното раководство на МАНУ за промена на името на државата, а подоцна и на МАНУ, а кулминираат со молкот за последната изјава на Заев дека Македонија крадела историја од соседите.

Највисоката научна и културна институција во Република Македонија веќе долго молчи за несмасната изјава на премиерот кој им даде аргумент на Грција и на Бугарија во тврдењето дека Македонците се вештачки измислена и создадена нација која се базира на лажна историја украдена од соседите.

Раководството на Академијата, како што објави поратлот, засега ги одбива сите иницијативи на дел од своите членови кои инсистираат јавно да се разговара на оваа и слични теми, најверојатно за да не се направи штета за власта, велат дел од академиците.

За разлика од дебатата за промена на името на земјата и на Академијата во која само мал број академици јавно се спротивставија на ударите кон македонскиот идентитет, сега повеќе од половина членови од составот на МАНУ се противат на позицијата за антимакедонските изјави и чекори на власта која има поддршка од само неколку луѓе во врвот на највисоката научната институција.

Предходно во јавноста беа објавени информации за високи раководни лица од МАНУ кои имале лични или семејни бенефиции добиени од Владата на Заев а деновиве е актуелна и информацијата за слични придобивки за членови кои и во иднина Академијата треба да ја држат пасивна во однос на антимакедонските политики на власта.