Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков (1874-1926).

Собирот со поздравно обраќање ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а во три сесии излагања ќе имаат 16 учесници кои ќе се осврнат на делото на Мисирков и на неговото значење за македонската историја и култура.

Ќе бидат промовирани и две изданија – „Преродбата и по неа: Григор Прличев, Димитрија Чуповски“ и „Марко К. Цепенков, македонската народна култура и фолклористика“, а актерот Крсте Јовановски ќе изведе дел од драмата „Последниот ден на Мисирков“ на Јордан Плевнеш.

Во оваа пригода свечено ќе биде откриена скулптура на Крсте Мисирков, дело на академик Боро Митриќески.