Саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград е одлична можност за промоција на македонското вино и развој на винскиот бизнис, објави вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
– Саемот е одлична можност за вмрежување со потенцијални купувачи и компании од преку 200 земји од светот, а 42 македонски винарски визби ќе ги изложат своите врвни македонски вина и производи, објави Маричиќ.
Тој истовремено го реобјавува и постот на премиерот Димитар Ковачевски за истиот настан:
– Долгите години лозарска традиција пренесувана од генерација на генерација, создаваат совршена, уникатна арома на македонскиот нектар од грозје. Вкусете ги најдобрите македонски вина на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград, објави претходно Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Под објавата додава хаштаг: Вкусот на животот!