Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот. Наша цел е сите граѓани да се попишат и ниту еден да не остане непопишан, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Информациите до денеска, како што посочи, се дека скоро 1,8 милиони граѓани се попишани.

– Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што се уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани, рече Маричиќ.

Додаде дека се во постојана комуникација со Заводот за статистика и врз основа на нивните проценки и информации ќе носат одлуки за понатаму.

– Наша цел е пописот да се заврши во законски предвидениот рок, доколку има било што друго навреме ќе ја известиме јавноста, заклучи Маричиќ.