Стапката на невработеност која ја намаливме на 14,5 отсто, до 2027 година ќе ја намалиме на 11 отсто невработени во земјата, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“.
Тој во своето воведно излагање кажа дека правична распределба на средствата е основна појдовна точка за социјалната политика на Македонија и ЕУ и дека Владата останува посветена на создавање еднакви можности за сите и зајакнување на социјалниот дијалог.
– Новата Национална стратегија за вработување 2021-2027 година, која е донесена со Акциониот план 2021-2023 година, вклучува политики за развој на економијата и создавање пристојни работни места, инклузивност на политиките на пазарот на труд и подобрување на квалитетот на образовните резултати на сите нивоа. Во вториот квартал од 2022 година, стапката на невработеност се намали на 14,5%, додека целта поставена во Стратегијата е да достигне стапка на невработеност од 11% до 2027 година, рече Маричиќ на скрининг состанокот.