Дколку продолжи сегашниот тренд на цените на природниот гас, нема да има ниту промена на цената за топлинска енергија од 1 јануари, вели претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

– Пазарот на природен гас е турбулентен. Ако се направеа набавки преку ЕСМ во јули, цената ќе беше 3.000 долари, сега е далеку пониска. Фјучерсите за природниот гас најавуваат дека во вториот квартал од 2023 година, повторно ќе се врати на околу 2.000 долари. Имаме одреден тренд на добивање на висока, но разумна цена за природен гас и да бидеме среќни доколку тој тренд продолжи, за да имаме релаксирана ситуација од аспект на притисок на цената за топлинска енергија во град Скопје, вели Бислимоски.

Тој посочува дека доколку продолжи актуелниот тренд на цените на гасот нема промена и на цените на парното греење од Нова година.

– Трошоците за природен гас се повисоки од трошоците за дизел или мазут. Да не ни се случи тие пари што ќе ги заштедиме, да ни завршат на онкологија, рече Бислимоски во емисијата Топ тема на ТВ Телма.