Не, не, не ја лажам јавноста… Еве јас одоговорив на прашањето, одговори вицепремиерот Бојан Маричиќ, од кого на денешната прес-конференција, новинар побара да открие што јаделе и пиеле откако е дојден во Секретаријатот за европски прашања и побара да му бидат доставени сметките кои вицепремиерот ги вети во три пати во три наврати.
– На вашето прво барање целосно беше одговорено инаку немаше да имате материјал за серијал за пишување на таа тема. Во однос на трошоците во СЕП прво го упативте барањето на погрешна адреса, по што ви беше укажано. По укажувањата на институциите за споделување на потребните информации добивте покана да дојдете во СЕП и да извршите увид во сметките и во се што ве интересира. Вие тоа го одбивте и сега во наредна фаза ќе ви ги доставиме сите информации кои што ви се потребни, но треба јавноста да знае дека имавте можност да добиете увид во сите документи и дека вие тоа го одбивте. Така што еве во следна фаза институционално ќе ги решиме сите недоразбирања и мислам дека немаме што да криеме и дека нашата институција и секоја институција која што сум ја водел редовно доставувала информации и до владиниот систем за владини финансии и до сите медиуми и се она што ги интересира медиумите, рече Маричиќ.
На ова новинарот Кристијан Ландов рече дека биле побарани фотокопии, а не увид.
– Треба да кажете дека беа барани фотокопии, вие баравте да дојдеме да правиме увид. Не ви беше побаран увид. Не треба да ја лажете јавноста, мислам… Треба да бидете фер целосно до крај, еве Невена е тука, може да потврди“, изјави Ландов.
На ова вицепремерот со категорично „не“ дека ја лаже јавноста:
– Не, не, не ја лажам јавноста… Еве јас одоговорив на прашањето, ако не сте задоволен може и писмено да ме прашате и ќе ви одговорам. Но, ви беше понуден увид во сметките вие го одбивте и тоа треба јавноста да го знае, рече Маричиќ.
Видеото на А1 он може да го отворите ТУКА.