Марио Балотели најверојатно ќе остане во француската Лига 1 како играч на Олимпик Марсеј, иако изминатиот период во неколку наврати беше најавено негово враќање во Серија А.

Најблиску до дговор со популарниот Супер Марио е Олимпик Марсеј, пишуваат француските медиуми.

На Балотели договорот со Ница истекува на крајот на месецот и може да избира во летниот трансфер период како слободен играч.

Главна пречка за ангажман на Балотели е клаузулата во неговиот договор со Ница според која идниот клуб треба да плати 10 милиони евра на клубот од Азурниот брег.

Тимот што ќе сака да го има во своите редови италијанскиот репрезентативец, за него ќе мора да одвои и околу 4,5 милини евра годишна плата.